Дома Фудбал Репрезентации Aнгеловски: Сите сме со Енис, се надевам ова ќе биде единствената лоша вест во овие подготовки

Aнгеловски: Сите сме со Енис, се надевам ова ќе биде единствената лоша вест во овие подготовки

Селекторот Игор Ангеловски денес ја даде првата изјава за медиумите по собирот со најголем дел од репрезентативците.

Ангеловски жали што засега не може да смета на Барди кој има позитивен тест на коронавирус и го очекува што побрзо да се врати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Најпрво жалам што подготовките започнаа со непријатна вест. Но еве и од тука да испратам порака до Енис, дека сите од репрезентацијата стоиме зад него. Сите сакаме што побрзо да добие негативен тест и да ни се приклучи. Се надевам дека ова ќе биде единствена лоша вест на овие подготвки. Верувам дека ќе одработиме едни добри подготовки и спремни ќе отпатуваме за Букурешт“.

Македонија пред Европското првенство ќе одигра два пријателски натпревари против Словенија и Казахастан, двата во Скопје.

„Секој натпревар кој се игра за репрезентацијата е важен, па така ќе се подготвуваме и за Европското првенство. За двата пријателските натпревари ќе се обидеме да пробаме некои тактички варијанти, иако ние долго време сме заедно и одлично се познаваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…