Дома Македонски спорт Мак ракомет Aлушовски пред Кјелце: Карачиќ и Душебаев знаат како е да се игра во Скопје, одбраната треба да биде клучот

Aлушовски пред Кјелце: Карачиќ и Душебаев знаат како е да се игра во Скопје, одбраната треба да биде клучот

Во четврток екипата на Вардар ја очекува натпревар против Кјелце во Скопје.

За Вардар ова ќе биде еден тежок дуел. Такво нешто очекува и тренерот Стевче Алушовски, кој верува дека Вардар со игра како против Флензбург и Порто може да дојде до позитивен резултат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Она што треба да го кажеме пред мечот со Кјелце, а после репрезентативната пауза е дека имаме двајца играчи кои имаа мали проблеми, Ловро Јотиќ кој беше тука и работеше со нас имаше мала повреда, додека Филип Талески се врати со повреда. За среќа нашиот лекарски тим успеа да ги спреми и ќе бидеме комплетни“.

“Не чека натпревар против првата екипа во групата, покажаа најмногу, максимално незгоден противник кој е составен и од поранешни играчи на Вардар. Пред се мислам на Карачиќ и Душебаев кој знаат како е да се игра во Скопје. Клучот треба да биде нашата игра во одбраната, се подготвуваме, анализираме се што значи опасност од Кјелце и мислам дека ќе бидеме максимално спремни“.

„Не чекаат два натпревари со Кјелце, јас се надевам и верувам дека ќе одиграме на нивото на двата натпревари со Флензбург и Порто“, изјави Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…