Дома Фудбал Италија Aлегри го пофали Роналдо и потенцираше: Трката за Скудетото не е завршена

Aлегри го пофали Роналдо и потенцираше: Трката за Скудетото не е завршена

Јувентус вчера славеше против Наполи со 3:1, Кристиано Роналдо не постигна гол, но се истакна со асистенциите.

Роналдо запиша две асистенции, а еден гол Манџукиќ постигна после неговиот удар кој заврши во стативата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тренерот Масимилијано Алегри после натпреварот истакна дека е задоволен од играта на Роналдо и дека Португалецот ужива и во асистенциите.

„Тој ужива во фудбалот. Многу добро се вклопи и сака да асистира еднакво како и да постигнува голови. Имаше неколку одлични додавања вечерва. Во суштина најважно е да го искористиме на најдобар наќин. Овој натпревар против Наполи и оние половина час против Валенсија беа неговите најдобри издание до сега во сезоната“, изјави Алегри.

Алегри потоа ја прокоментира и трката за Скудетото и потенцираше дека ништо не е одлучено.

„Апсолутно не. После овој натпревар мораме да играме со Интер, Милан, Рома и Фиорентина. Имаме шест бодови предност, но сезоната е многу долга. Во Серија А секогаш е тешко“, потенцираше Италијанецот.

Јувентус после седум кола има максимален учинок и 21 освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Препознавате ли ја фудбалската легенда на оваа фотографија? Имаше само 16 години!

Рој Кин, легендарниот играч од средината на теренот на Манчестер Јунајтед, ги изненади сво…