Бразилецот Дани Алвес со својата последна изјава како отворено да се понуди на Милан.
Легендарниот десен бек после 17 години поминати во Европа се врати во неговата татковина каде што и денес е член на Сао Паоло. Во Европа Алвес го носеше дресот на Севиља, Барселона, Јувентус и ПСЖ.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Алвес не размислува за крај на кариерата и порачува дека и понатаму може да игра на високо ниво.
„Ако играм во денешниот Милан сигурно би бил ѕвезда на тимот. Годините се само бројка. Во минатото трчав по 12 километри на еден натпревар, меѓутоа доволни се и осум ако ги истрчате паметно и квалитетно. Како и да е сигурен сум дека кога повеќе нема да можам да играм ќе се повлечам, не сакам да бидам посрамотен на теренот“, изјави Алвес.
Инаку, Алвес во неговата фантастична кариера собра дури 40 трофеи.