ФИФА 19 ќе излезе за нешто повеќе од месец дена (28. септември 2019.), а главната улога повторно ја доби Кристиано Роналдо.
Напаѓачот на Јувентус се наоѓа на насловната страница на новото издание кое за прв пат ќе ја има лиценцата за Лигата на Шампионите и Лигата на Европа, кој по долги години ја загуби ПЕС.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бројни корисници ќе имаат прилика да ја пробаат демо верзијата на новата ФИФА пред нејзиното официјално излегување. Демо верзијата на играта би требало да биде достапна на почетекот на септември. Ќе се игра со десет клуба, а за сега потврдени се Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, Баерн, Атлетико Мадрид и Тотенхем.
The next FIFA cover ? (via @EASPORTSFIFA) pic.twitter.com/tGeM9IobAd
— Bleacher Report (@BleacherReport) August 14, 2018