Дома Фудбал Англија Шок за Ливерпул: Чемберлејн во „аут“ цела сезона!

Шок за Ливерпул: Чемберлејн во „аут“ цела сезона!

chembrplejn

Се беше одлично и одеднаш шокатни вести за навивачите на Ливерпул…

Веќе пишувавме дека на трансфер пазарот работат одлично, а сега се соочуваат со сериозен проблем – Окслејд Чемберлејн кој одигра одлична прва сезона, ќе ја пропушти скоро целата наредна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да потсетиме, Чембрлејн се повреди во полуфиналето од Лигата на шампионите против Рома, настрадаа лигаментите.

Неговата ситуација се до овој момент беше држена во тајност, наводно таква била желбата на Чемберлејн со цел да не ја нарушува атмосферата во тимот во одличната сезона.
Помина финалето, помина и Мундијалот, па време беше да се дознае.

Тренерот Јирген Клоп веќе помирен со фактот дека нема да може да смета на Чемберлејн цела сезона.

„Следната сезона за Чемберлејн е само опоравување. Ако успее да одигра нешто ќе гледаме на тоа како на бонус“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…