правата на клубот од „Енфилд“ очигледно завршува одлична работа ова лето.
Ливерпул во тековниот период веќе ангажираше три засилувања: Наби Кеита, Фабињо и Џердан Шаќири. Се е завршено и околу трансферот на голманот Алисон кој вечерва се очекува да пристигне во Ливерпул.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според пишувањето на британскиот новинар Дин Џоунс после Алисон, Ливерпул повторно ќе се сврти кон Набил Фекир.
Наводно, тука работите се помрднале од „мртва точка“ и во наредните денови навивачите на Ливерпул би можеле да очекуваат позитивни вести.
Со ангажирањето на Алисон и Фекир Ливерпул веројатно и би го завршил трансфер пазарот за ова лето.
Да потсетиме, Фекир веќе беше на чекор од трансфер во нивните редови, но на лекарските прегледи било утврдено дека во иднина би можел да има сериозни проблеми со коленото, па поради таквата ситуација во Ливерпул не се одлучија да го ангажираат.
Am told Fekir now progressing well again… This could be a defining week for Liverpool
— Dean Jones (@DeanJonesBR) July 18, 2018