Ѕвездата на Барселона даде опирно интервју за „Coach Magazine“ во кое зборуваше за многу интересни теми.
Покрај потврдата дека ќе остане во Барса, Меси истакна дека во кариерата најмногу му помогнал Цеск Фабрегас, а дека покрај Марадона, најмногу сакал да го гледа Пабло Аимар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Често ги користев неговите потези, уживав кога го гледав“.
Меси проговори и за големото ривалство со Кристиано Роналдо.
„Мојата мотивација произлегува од тоа што сакам да постигнам што е можно подобри резултати со Барселона и Аргентина, а не да бидам подобар од него. Кристиано е фантастичен фудбалер и сѐ постигнал со напорна работа. Успеал бидејќи е таква личност. Го почитувам и убеден сум дека и тој ме почитува мене“, изјави Меси.