Дома Фудбал Ракитиќ без ракавици: Еве што мисли за тренерот кој го остави на клупа!

Ракитиќ без ракавици: Еве што мисли за тренерот кој го остави на клупа!

Хрватскиот репрезентативец и играч за врска на Барселона, Иван Ракитиќ конечно проговори конфликтот со тренерот Луис Енрике.

Хрватот оваа сезона ужива далеку помалку доверба од Луис Енрике, често се говори дека двајцата не се во најдобар однос и Иван Ракитиќ сака да замине од Барселона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се шпекулира дека проблемите настанале по изјавата на Иван Ракитиќ во која играчот го фали Пеп Гвардиола и вели дека сака еден ден да соработува со поранешниот предводник на Барса.

„Нема никаков конфликт меѓу мене и Луис Енрике. Тој ми помогна многу. Уште од првиот ден ми укажа доверба, и ми овозможи да работам мирно и да напредувам“, истакна Ракитиќ.

„Токму тој побара од Барселона да ме купи. Доколку треба да се фрлам од мост поради него, ќе го сторам тоа без двоумење. Со поглед или со насмевка знае да ви даде самодоверба која ви е потребна за успех“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…