Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо нема да настапи на натпреварот кој „кралевите“ ќе го играат овој викенд во првенството против Лас Палмас.
Роналдо во текот на вчерашниот ден се врати во Мадрид од репрезентативните обврски за Португалија и двата пријателски натпревари против Холандија и Египет во кои неговата репрезентација забележа победи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата ѕвезда на Реал беше дел и од двата натпревари, па Зидан сака да го одмори својот најдобар фудбалер пред важниот натпревар на гостински терен против Јувентус во Лигата на шампионите.
Реал во Ла Лига нема реални шанси да се надева на освојување на титулата, Барселона има цели 15 бодови предност и ваквиот потег на Французинот изгледа сосема логичен.
Натпреварот помеѓу Лас Палмас и Реал Мадрид се игра утре со почеток во 18:30 часот, додека ¼ финалниот дуел од Лигата на шампионите против Јувентус на програмата е во вторник во 20:45 часот.