Дома Фудбал Останато Почина аргентинскиот „Ел Локо“ – беше спој на Гариче и Марадона…

Почина аргентинскиот „Ел Локо“ – беше спој на Гариче и Марадона…

Во Буенос Аирес на 64 годишна возраст почина Рене Хусман, фудбалерот кој со Аргентина во 1978 година ја освои титулата светски шамоион, објави Фудбалскиот сојуз на Аргентина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Хусман кој беше познат под прекарот „Ел Локо“ (Лудак) минатата година заврши во болница, а поголемиот дел од својот живот се бореше со алкохолизмот. Во кариерата настапуваше за Хуракан со кој стигна до титулата во аргетнинското првенство во 1973, а играше уште за Ривер Плата, Коло Коло и Индепендиенте.

За репрезентацијата на Аргентина настапи на 55 натпревари и постигна 13 погодоци, а на Светското првенство во 1978 година ги одигра сите натпревари и постигна гол во победата против Перу од 6:0, додека четири години порано на СП во 1974 беше стрелец на три погодоци.

Беше познат како играч со тежок карактер и играч кој тренерите не го сакаа премногу, скоро сите освен легендарниот Чезаре Меноти кој го обожаваше.

„Хусман беше спој на Гариче и Марадона“, изјави Меноти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси ги посочи главните конкуренти за Аргентина на Светското првенство

Лионел Меси ги брои деновите до почетокот на новото Светско првенство, каде што со репрезе…