Дома Фудбал Репрезентации Фото: Како херојот на Севиља го дочека Пол Погба во репрезентацијата…

Фото: Како херојот на Севиља го дочека Пол Погба во репрезентацијата…

Херојот на Севиља од натпреварот против Манчестер Јунајтед, Бен Једер доби повик во репрезентацијата на Франција каде што се сретна со Пол Погба.

Севиља го елиминираше Манчестер Јунајтед од Лигата на шампиоите. После 0:0 во Андалузија, Шпанскиот клуб на „Олд Трафорд“ стигна до победа од 2:1, а двата погодоци за својот тим ги постави Бен Једер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На собирот на репрезентацијата на Франција пред пријателските натпревари се сретнаа Пол Погба и Једер кој не пропушти прилика преку друштвените мрежи да го „боцне“ фудбалерот на Манчестер Јунајтед.

Напаѓачот на Севиља на својот Твитер профил постави фотографија на која се ракува со Погба со текст „Без лутење“…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…