Во јануари овој месец Франсис Кокелан направи трансфер од Арсенал во Валенсија за сума од 13.5 милиони евра.
Кокелан во вчерашниот натпревар во кој Валенсија славеше против Малага (2:1) го постигна својот првенец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За само еден месец во новиот клуб Кокелан успеа да се запише во листата на стрелци, но интересно е што за 10 години во Лондон не успеа да постигне погодок.
Одигра 160 натпревари во сите натпреварувања, а остана на истиот учинок како и кога дојде во клубот – нула погодоци.
Кокелан до овој момент изгледа како одлично засилување за Валенсија, додека во редовите на Арсенал во главно беше во втор план.