Денвер, Портланд, Чикаго, Сакраменто и Индијана забележаа победи во НБА лигата, во натпреварите кои се одиграа изминатата ноќ. Индивидуално белснаа Џими Батлер од Чикаго и Расел Вестбрук од Оклахома кој го забележа петтиот трипл дабл во сезоната.
Чикаго Булс славеше над ЛА Лејкерс 118:110, најмногу поради партијата во стилот на Мајкл Џордан, која ја пружи Џими Батлер. Крлиниот играч на Булс натпреварот го заврши со 40 поени, седум скока и шест асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Расел Вестбрук оствари нов трипл дабал, но тоа не беше доволно Оклахома да слави против Индијана. Оклахома загуби по продолжението 111:115, а Вестбрук имаше учинок од 31 поен, 11 скокови и 15 асистенции. Индијана ја предводеше Џеф Тиг со 30 поени, пет скока и девет асистенции. Поранешниот играч на Атланта осум од своите 30 поени постигна во продолжението.