Дома Фудбал Англија ГВАРДИОЛА ВО МИСИЈА: Руши се пред себе, па и самиот себе си

ГВАРДИОЛА ВО МИСИЈА: Руши се пред себе, па и самиот себе си

Тој го постави пред неколку години, а сега сака со Манчестер Сити да се надмине себе си.

Гвардиола во сезоната 2013/14 со Баерн имаше 19 последователни победи и тоа е рекорд кога станува збор за победнички серии во најдобрите пет европски лиги. Во моментов, неговиот Сити има 16 победи и ова е добра прилика за Гвардиола да го сруши сопствениот рекорд, а за тоа му се потребни победи во четирите следни натпревари, па да видиме со кого ќе се натпреварува неговиот Сити.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Следи натпревар на домашен терен со Борнмут, па гостување на Њукасл, дуел со Саутемптон на „Етихад“, а ако тука запише победа, по рекордна 20. победа во низа ќе играат против Вотфорд на 2. јануари на свој стадион.

Пеп има отворен пат до нов рекорд, бидејќи рака на срце сите набројани екипи не можат да се справат со квалитетот на Сити и сите тие екипи се од долниот дел на табелата, освен Вотфорд кој сега за сега е на деветото место на табелата.

По 19. победи на Пеп со Баерн следува Роберто Манчини со Интер кој има 17 победи од сезоната 2006/07, додека Барса на Гвардиола имаше 16 победи пред шест години, а Монако на Жардим исто така 16 минатата сезона. Пеп сега е на 16, но како што играат „граѓаните“, тешко дека ќе останат на тоа.

ПозицијаКлубТренерСезонаБрој на последователни победи
1.БаернПеп Гвардиола2013/1419
2.ИнтерРоберто Манчини2006/0717
3.БарселонаПеп Гвардиола2010/1116
4.Реал МадридЗинедин Зидан201616
5.МонакоЖардим201716
6.Манчестер СитиПеп Гвардиола201716
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…