Дома Фудбал Фудбалерите летнаа за Љубљана, против Словенија да се подобри впечатокот (Фото)

Фудбалерите летнаа за Љубљана, против Словенија да се подобри впечатокот (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација утрово замина за Љубљана, каде што утре од 20.45 часот ќе го одигра вториот натпревар од четирите предвидени во овој циклус од Лигата на нации. Противник на избраниците на Гоце Седлоски ќе биде селекцијата на Словенија.

По поразот од Швајцарија со 0-3 на домашен терен, Македонија во Љубљана ќе има можност да остави многу подобар впечаток и да покаже дека има квалитет за далеку подобри резултати. Словенија, пак, на отворањето на циклусот одигра без голови против Шкотска, оставајќи прилично блед впечаток.

Иако Македонија ќе игра на гостински терен, атмосферата во националниот тим е позитивна. Фокусот е ставен на тоа репрезентативците да го покажат вистинското лице и да го искористат потенцијалот со кој располагаат, кој несомнено е значителен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал без никакво размислување кажа кој е за него најдобар на сите времиња

Младиот фудбалски суперталент Ламине Јамал повторно ја откри својата голема почит кон свој…