
Поранешниот француски репрезентативец и фудбалер на ПСЖ, Жером Ротен, предизвика бура во јавноста откако гласно го критикуваше водечкиот француски фудбалер, Килијан Мбапе, во својата емисија ‘Rothen S’enflamme’ на радиото RMC Sport.
Без задршка, го обвини Мбапе и неговото блиско окружување дека вршат притисок и се обидуваат да го режираат исходот на изборот за најдобар играч во светот.
“Ако Мбапе ја освои Златната топка, тоа ќе биде шега и тој ќе остане сосема сам! Не знам дали сфаќате што се случува — тој во моментов прави напори да ги купи гласовите за Златната топка за да го земе тој трофеј”, изјави очигледно раздразнетиот Ротен.
Нагласи дека потенцијалните последици или притисоци нема да го замолчат.
“Ќе внимавам што ќе кажам бидејќи моите изјави секогаш предизвикуваат реакции, но никој нема да ми го затвори устата. Ако ја освои наградата, тоа ќе биде чиста фарса и сите ќе го разберат тоа. Не зборуваме само ние, поранешни играчи, туку разговараме меѓусебно. И верувајте ми, сите мислиме исто за него — и тоа не само просечните фудбалери, туку и најголемите”, додаде тој.
На крајот, заклучи дека скандалозната кампања околу напаѓачот станала преголем товар.
“Сега имаме и официјална потврда дека постои агресивна кампања од негова страна и од луѓе од неговото окружување. Ним им станало ‘бити или не бити’ да Килијан го освои тој трофеј. Но, ако на овој начин и го добие, мислам дека ќе остане многу осамен во светот на фудбалот”, порача Ротен.
Потсетуваме, церемонијата за доделување на Златната топка ќе се одржи на 26 октомври во Лондон.