
Вардар беше на чекор до позитивен резултат против Нант, но францускиот тим успеа да слави со 33-32 во драматичната завршница.
Клучниот момент се случи во последната минута, кога Јака Малус излезе сам пред голманот на Нант, но не успеа да ја реализира големата шанса за водство.
Веднаш потоа следуваше казна за Вардар, бидејќи гостите добија седмерец и го искористија за да стигнат до победа.
Малус имаше уште една можност во самиот финиш да донесе израмнување, но и тој удар заврши без гол.