
По речиси две децении заврши соработката на Мбапе со Најк, но Французинот наводно не сака да потпише обичен спонзорски договор со друг производител. Неговиот цел е да добие сопственички удел, контрола над производите и да изгради независен бренд по примерот на она што Мајкл Џордан го направи во кошарката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Килијан Мбапе ова лето не избира само копачки во кои ќе игра наредните неколку сезони. Францускиот репрезентативец би можел да донесе бизнис одлука која засекогаш би го променила начинот на кој најголемите фудбалски ѕвезди соработуваат со производителите на спортска опрема.
Неговиот долгогодишен договор со Најк истече на 31 јули 2026 година. Соработката траеше речиси две децении и го следеше од неговите младински денови во Бонди до статусот како една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.
Најк го препозна Мбапе кога имаше само осум години. Додека повеќето млади фудбалери на таа возраст можат само да сонуваат за професионална кариера, американската компанија го вклучи во програмата наменета за најголемите таленти.
Мбапе во копачките на Најк ги помина академиите на Клерфонтен и Монако. Ги носеше кога го освои француското првенство, експлодираше во Лигата на шампионите и како тинејџер стана светски првак.