Дома Фудбал Тоа е тоа! Кристијано Роналдо откри кога ќе ја заврши кариерата, призна и што следува по фудбалот!

Тоа е тоа! Кристијано Роналдо откри кога ќе ја заврши кариерата, призна и што следува по фудбалот!

Португалецот во разговорот за Вог изјави дека е многу можно ова да е последната година од неговата кариера, но дека пред тоа сака да остави наследство кое долго ќе се памети.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Ова веројатно е мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство”, рече Роналдо.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, на овој начин за прв пат отворено говореше за она што го очекува по завршувањето на кариерата.

Роналдо е свесен дека заминувањето од фудбалот ќе претставува голема промена во неговиот живот, бидејќи практично целиот живот го посветил на овој спорт.

“Фудбалот ќе остави голема празнина, затоа морате да го користите вашето време на различни начини”, истакна Португалецот.

Иако ќе му недостига секојдневниот живот на професионален фудбалер, Роналдо веќе знае некои од работите за кои би сакал да го исполни времето после кариерата.

Патувања, повеќе време за уживање, како и падел, спорт кој особено го сака, можат да станат дел од неговото секојдневие.

“Повеќе да се забавувам, повеќе да патувам, да гледам и играм падел, кој навистина го сакам, и да продолжам да уживам во она што го заработив, што го заработивме”, порача Роналдо.

Но, пред да дојде време за простување, Португалецот има уште цели што сака да ги оствари на фудбалскиот терен.

Роналдо во текот на кариерата освои речиси сè што можеше, постави бројни рекорди и остави огромен траг во клубовите и репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет зборува за ремек-делото на Милан

Милан во последниот пријателски натпревар пред новата сезона приреди вистински спектакл, с…