Дома Фудбал ПСЖ го доведе јунакот на Светското првенство: Торес го презеде бројот со најголема тежина!

ПСЖ го доведе јунакот на Светското првенство: Торес го презеде бројот со најголема тежина!

Една од поголемите летни саги заврши денес претпладне, бидејќи шпанскиот репрезентативец Феран Тоерес беше претставен како нов фудбалер на Пари Сен Жермен со кој потпиша договор до летото 2031 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест беше објавена на официјалната страница на двократниот узастопен шампион на Европа, придружена со фотографија на поранешниот првотимец на Барселона со број девет на грбот.

Одлуката клубот од „Паркот на принцовите“ да му го додели на Тоерес дресот со најголема тежина јасно укажува што очекуваат од него во следната сезона, а дека нема време за чекање потврдува и тоа што веднаш се стави на располагање на Луис Енрике на утринскиот тренинг.

Феран Тоерес се приклучува на Пари Сен Жермен! ✍️

Пари Сен Жермен со задоволство ја објавува пристигнувањето на Феран Тоерес. Шпанскиот напаѓач, светски шампион, потпиша договор со клубот до 2031 и ќе го носи бројот 9. 🔴🔵

➡️ https://t.co/Gc40sQWPZT pic.twitter.com/AZPTvntNNf— Пари Сен Жермен (@PSG_inside) 15 август, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди пред сензационално враќање во Англија: Претседателот на клубот јавно го призна сето

Џејми Варди би можел да се врати во англискиот фудбал, а една од најинтересните приказни о…