Дома Фудбал Атлетико Мадрид постигна договор за Кристијан „Кути“ Ромеро за 40 милиони евра

Атлетико Мадрид постигна договор за Кристијан „Кути“ Ромеро за 40 милиони евра

Атлетико Мадрид е на чекор до големо засилување во одбраната. Шпанскиот клуб постигнал договор со Тотенхем за трансфер на аргентинскиот стопер Кристијан „Кути“ Ромеро, во зделка вредна вкупно 40 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Информацијата ја објави познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, кој потврдува дека договорот е постигнат и дека трансферот е во завршна фаза.

Ромеро, кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, веќе дал согласност за преселба во Мадрид. Аргентинецот бил силно заинтересиран за проектот на Атлетико и позитивно одговорил на идејата да работи под водство на Диего Симеоне.

Според информациите, медицинските прегледи се следниот чекор, по што Ромеро треба официјално да го стави потписот на договорот со „Јорганџиите“.

Симеоне лично го посакувал Ромеро во својот тим, а неговиот борбен стил, агресивноста во дуелите и лидерските способности се вклопуваат во фудбалската филозофија на аргентинскиот стратег.

За Атлетико, ова може да биде исклучително важен трансфер. Клубот добива искусен дефанзивец кој веќе има освоено големи трофеи со Аргентина и има огромно искуство на највисоко европско ниво.

Ромеро во Атлетико треба да донесе дополнителна цврстина во одбраната и да биде еден од лидерите на тимот во новата сезона.

„Here we go“ од Фабрицио Романо – Кристијан Ромеро е пред трансфер во Атлетико Мадрид!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси го погреба својот татко и се врати на теренот, а потоа доживеа нов удар! (ВИДЕО).

Лионел Меси се врати на теренот за прв пат по смртта на неговиот татко Хорхе, но неговиот …