Дома Фудбал Зборовите на Инфантино зад затворени врати „го стресоа“ цел свет

Зборовите на Инфантино зад затворени врати „го стресоа“ цел свет

Новите информации за Џани Инфантино предизвикаа големо внимание во светската фудбалска јавност.

Како што пишува The Times, повикувајќи се на инсајдери запознаени со случувањата внатре во ФИФА, претседателот на светската фудбалска организација имал планови поврзани со новата компанија на ФИФА.

Според истите извештаи, Инфантино целел годишна плата од дури 30 милиони долари, со дополнителни бонуси, како личност која би ја предводела новата бизнис иницијатива на ФИФА.

„Тајмс“ наведува и детали од разговорите кои ги пренеле инсајдерите.

Според нивните тврдења, Инфантино на еден соработник рекол: “По 2031 година овде можеме да заработиме сериозни пари.”

Притоа, наводно зборувал за периодот по завршувањето на неговиот претседателски мандат, кој го замислувал до 2031 година.

Во истиот разговор еден од соговорниците го прашал во шега дали неговата сегашна годишна плата од шест милиони долари е доволна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ширер посочи ново име за клупата на Јунајтед: Тренерот што го крена Брајтон

Алан Ширер смета дека Фабијан Хирцелер треба сериозно да биде разгледан ако Манчестер Јуна…