
Барселона сè уште бара долгорочно решение во нападот по заминувањето на Роберт Левандовски, а шпанските медиуми тврдат дека тренерот Ханси Флик нашол многу интересна опција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за бразилскиот напаѓач Ендрик, фудбалер кој е под договор со Реал Мадрид, но сè уште не успеал да се избори за значајна минутажа во кралскиот клуб.
Според навидувњата на шпанските медиуми, во Барселона внимателно ја следат ситуацијата на младиот Бразилец и веруваат дека токму тој би можел да стане наследник на Левандовски, а ова потсетува на трансферот на легендарниот Камерунец Самуел Ето’о, кој своевремено исто така пристигнал од редовите на нивниот најголем ривал.
Ендрик пристигна во Мадрид како еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, но силната конкуренција во нападот му го отежнала патот до стандардното место во тимот. Поради тоа, минатата сезона играше на позајмица во Лион.
Бразилецот се врати во Мадрид и сака да се избори за своето место под водство на Хозе Мурињо, но одеднаш се појавија гласини дека го следи Барселона.