
Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, кое ќе се игра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси. ФИФА избра еден од најискусните европски судии за одлучувачкиот натпревар на турнирот, а за 46-годишникот од Марибор тоа ќе биде најголемиот натпревар во неговата кариера, пренесува 24сата.хр.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Винчиќ дознал за назначувањето од Пјерлуиџи Колина, раководител на судењето на ФИФА и претседател на судискиот комитет. Тој призна дека веста целосно го изненадила.
-Прво, шок. Потоа среќа. Се тресев. Неверојатна чест е да се добие финалето на Светското првенство. Тоа е нешто што е само сон за еден судија, за млад судија кога ќе започне. Затоа сум многу горд, многу горд на себе и на мојот тим. Многу е тешко да се каже сè со зборови, но многу сум горд што ја претставувам мојата земја, Словенија, на најголемиот спортски настан во светот. Мојот тим е многу горд и ќе дадеме се од себе – рече Винчиќ.
Ова е негово второ Светско првенство. Во Катар 2022 година, тој судеше два натпревари, а на тековниот турнир ги водеше натпреварите помеѓу Бразил – Мароко и Јордан – Алжир во групата и Мексико – Еквадор во осминафиналето.
Introducing your referee for the @FIFAWorldCup 2026 Final….🥁
— FIFA (@FIFAcom) July 17, 2026
Congratulations, Slavko Vinčić! 👏 pic.twitter.com/OMLJ3oA31p