Дома Фудбал Хрватска и Португалија ќе играат во пеколни услови, дербито под закана и на одложување!

Хрватска и Португалија ќе играат во пеколни услови, дербито под закана и на одложување!

Фудбалските репрезентации на Хрватска и Португалија ќе се соочат во шеснаесетфиналето на Светското првенство, во дуел кој ќе се одржи ноќта помеѓу четврток и петок во Торонто (01:00 часот по македонско време). Покрај тежината од директниот противник, играчите ќе се соочат и со екстремни временски услови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според најавите, температурата за време на натпреварот ќе биде околу 32 степени Целзиусови, но поради високата влажност, ќе се почувствува како 42 степени.

Покрај тоа, постои можност за појава на грмежи и бури кои можат да влијаат на текот на натпреварот.

Канадските метеоролошки служби издадоа жолто предупредување за можни грмежовни бури во периодот од 13 до 22 часот по локално време.

Бидејќи натпреварот започнува во 19 часот по локално време, постои реална шанса неповолните временски услови да го зафатат стадионот за време на одигрувањето, пренесуваат португалските медиуми.

„Ова време се очекуваше повеќе во Мајами отколку во Торонто. На почетокот тоа беше шок, но трениравме во слични услови и верувам дека добро се адаптиравме. Уверен сум дека, и покрај жештината, ќе го дадеме најдоброто од себе“, изјави помошниот тренер на Хрватска, Ивица Олиќ.

ФИФА веќе има дефинирано посебни мерки за натпреварите кои се играат во услови на екстремна жештина, но засега нема најава дека некој натпревар би можел да биде одложен или прекинат поради високи температури.

На сите отворени стадиони се обезбедени климатизирани клупи за стручните штови и резервните играчи, како и вода, електролитни напитоци, лед, освежувачки пешкири, вентилатори, системи за испрскување и дополнителна сенка.

Од ФИФА истакнуваат дека распоредот на турнирот е направен по детален анализ на ризикот од високи температури на секоја локација домаќин.

Кога станува збор за грдомовно невреме, правилата се исклучително јасни.

Доколку се најави грмеж во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот ќе биде прекинат за да можат играчите, службените лица и навивачите да најдат засолниште.

Неповолните временски услови веќе ги променија плановите на португалската селекција.

Поради силни удари на ветрот, постоеше опасност да биде откажан тренингот на репрезентацијата под водство на Роберто Мартинес.

Сепак, временските услови се стабилизираа, па тренингот се одржа според планираното и помина без проблеми.

Хрватска и Португалија досега имаат одиграно десет меѓусебни натпревари.

Португалија има забележано седум победи, два натпревари завршиле нерешено, додека Хрватска има една победа во пријателски натпревар одржан во 2024 година.

Победникот од овој натпревар ќе се соочи во осминафиналето со победникот од дуелот помеѓу Шпанија и Австрија, кој ќе се одигра претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во една репрезентација: Јас повеќе нема да играм додека тој е селектор!

Централниот играч за врска на Вилјареал, Папе Гуеје, објави дека повеќе нема да игра за ре…