Дома Фудбал Тотенхем не запира со грандиозната селекција: договорен и Тонали за рекорден износ

Тотенхем не запира со грандиозната селекција: договорен и Тонали за рекорден износ

Тотенхем продолжува да биде многу активен на трансфер пазарот. Откако вчера “спарси” поставија еден клупски рекорд, постигнувајќи договор со Вест Хем за трансфер на Матеуш Фернандеш во вредност од 85 милиони фунти, денеска лондончани договорија нова аквизиција, која ќе го надмине и овој рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Дејвид Орнстин од “Ди Атлетик”, Тотенхем го договори Сандро Тонали, играч од средината на теренот на Њукасл за 100 милиони фунти – 92,5 милиони фиксна сума, плус 7,5 милиони во форма на бонуси. Ова е и втората најголема продажба на “чавките” по продажбата на Александер Исак, кој пред една година премина во Ливерпул за 125 милиони фунти.

На овој начин, Тотенхем веќе ја надмина границата од 200 милиони фунти за трансфери ова лето. За Тонали и Фернандеш, сумата е вкупно 185 милиони, а пред тоа клубот го привлече и Јан Пол ван Хеке од Брајтон за 52 милиони фунти. Енди Робертсон, Маркос Сенеси и Мартин Дубравка беа ангажирани како слободни агенти.

Според “Скај спортс”, Тонали ќе добива повеќе од 275.000 фунти неделно во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…