Дома Останати Тенис Ова момче во Париз ја заработи најголемата сума во животот, но не може да ги добие парите

Ова момче во Париз ја заработи најголемата сума во животот, но не може да ги добие парите

Младиот француски тенисер Моазе Коуаме не може да ја прими наградата од Ролан Гарос која што за третото коло изнесува 200.000 долари. Причината е тоа што е малолетник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Франција има нова тениска надеж. На сцената се појави 17-годишниот Моазе Коуаме кој доби покана за учество на Ролан Гарос и навистина игра добро.

Коуаме успеа да стигне до третото коло. Со овој успех обезбеди награда од најмалку 200.000 долари со можност оваа сума дополнително да се зголеми ако денес го елиминира фаворизираниот Алехандро Табило.

Меѓутоа, Коуаме не може да ги добие парите. Нему наградата за постигнувањата во Париз не може да му биде исплатена.

Причината е сосема едноставна. Коуаме е малолетник и според францускиот закон, лицата под 18 години не можат да добијат парична награда, па овој тенисер ќе треба да чека до март 2027 година за да ја инкасира сумата што ќе ја заработи на овој Грен слем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ: Би сакал и јас да имам 19 години…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во третото коло на Ролан Гарос, откако прет…