
Рускиот тенисер Данил Медведев го заврши својот настап на Роланд Гарос, откако загуби во првото коло од релативно непознатиот австралиски играч Адам Волтон.
Сепак, покрај ова изненадување, мечот го одбележа и необична сцена во која Медведев беше критикуван од неговата сопруга Дарија која го следеше од трибините.
Русинот, кој традиционално не е љубител на земјената подлога, покажа знаци на нервоза уште од стартот на натпреварот. Во текот на првиот сет гласно се жалеше на високите температури, мрмореше и гестикулираше, што очигледно ја иритираше неговата сопруга Дарија, која редовно го придружува на турнирите.
Камерите го фатија моментот кога му порача:
„Не се преправај. И мене ми е топло, на сите ни е топло и напорно. Почни да се однесуваш нормално.“
Русинот имаше одговор на нејзината критика:
„Ќе почнам да се однесувам кога топчето ќе почне да се влегува на теренот.“
“Todos tenemos calor, todos lo estamos pasando mal. Compórtate” 🥵
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) May 26, 2026
La discusión de Medvedev con su mujer en pleno partido #RolandGarros pic.twitter.com/F4aHnf2Mjn