
Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, лесно помина во првото коло на вториот Гренд слем турнир од сезоната, Ролан Гарос.
Белорусинката успеа со резултат од 2:0 да ја порази Џесика Боузас Манеиеро од Шпанија, а резултатот по сетови беше 6:4 и 6:2, за време од еден час и 16 минути игра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фановите најмногу зборуваат за тоа што се случи по победата на Сабаленка, а не за нејзиниот настап на теренот, туку за начинот на кој го прослави триумфот на патот кон соблекувалната.
На скалите, таа во заводлив танц испрати порака до Новак Ѓоковиќ.
“Во ред, Новаче. Што мислиш за ова?”, изјави Сабаленка по танцот на скалите, кој можете да го видите во видео прилогот погоре.
Така, Сабаленка на свој начин “одговори” на Ѓоковиќ, кој пред неколку дена, пред почетокот на Ролан Гарос, со танц го одбележи својот роденден пред камерите.
Во второто коло Сабаленка ќе игра против победничката од мечот меѓу Фрухвиртова и Жакемо.
Арина Сабаленка победува, Арина Сабаленка танцува 💃 pic.twitter.com/VH2ZTJfjY8
— TNT Sports (@tntsports) 26 мај, 2026