Дома Останати Тенис Eмотивни сцени: Гаел Монфис го одигра последниот натпревар на Ролан Гарос (Видео)

Eмотивни сцени: Гаел Монфис го одигра последниот натпревар на Ролан Гарос (Видео)

Францускиот тенисер, Гаел Монфис, ја заврши својата натпреварувачка кариера на турнирот Ролан Гарос, откако емотивно се прости од публиката по својот последен настап на овој познат гренд слем во Париз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Благодарност изрази кон своето семејство, пријателите, тренерите и фановите кои го следеа низ повеќе од дваесет години професионален тенис.

Монфис изгуби во мечот против Уго Гастон по пет сетови, со што неговото учество на ова натпреварување, кое го обележа неговата кариера, заврши.

Во своето обраќање кон публиката, 39-годишниот тенисер најпрвин им се заблагодари на своите родители, нагласувајќи дека без нивната поддршка, никогаш не би достигнал врвот на тенискиот свет.

“Сакав да се занимавам со сите спортови, но на крајот се определи за тенисот. Мојот татко веднаш ми веруваше, а мајка ми постојано ме потсетуваше дека не треба да го занемарувам образованието”, рече Монфис.

Посебна благодарност упати и кон Француската тениска федерација, која го прифати во развојниот тим кога имаше само 13 години.

“Благодарение на федерацијата научив да играм тенис, да патувам и да го разберам овој спорт. Без нивната поддршка, немаше да успеам”, истакна Монфис.

Французинот не заборави ни на своите тренери кои беа покрај него низ целата кариера.

“Ми дозволија да правам грешки, но и да учам од нив. Ми помогнаа да бидам тоа што сум на теренот и секој ден да пробувам нешто ново”, изјави поранешниот шести тенисер на светот.

Посебни зборови упати и кон својата сопруга, украинската тенисерка Елина Свитолина.

“Веќе осум години си покрај мене. Секогаш си ме поддржувала како личност, а не само како тенисер. Беше тука во сите моменти на сомнеж и ми го даде најубавиот подарок на светот, нашата ќерка. Те сакам”, порача Монфис.

Во текот на обраќањето, тој им се заблагодари и на своите пријатели од детството, како и на некои од неговите поранешни соиграчи и ривали, меѓу кои беа Жил Симон, Ришар Гаске и Жо-Вилфред Цонга.

“Никогаш не бевме вистински ривали надвор од теренот. Тие се мои браќа и тенисот ми даде пријателства кои се непроценливи”, изјави Монфис.

На крајот се обрати и до публиката и организаторите на натпреварувањето.

“Секоја година кога доаѓав на Ролан Гарос имав трема и чувствував посебни емоции. Ова место е магично. Благодарам на сите луѓе кои работат зад сцената: собирачите на топчиња, судиите, обезбедувањето и сите кои го прават овој турнир посебен”.

Говорот го заврши со зборови кои предизвикаа овации на трибините:

“Ролан Гаросе, те сакам. Ти должам се. Благодарам за се што ми пружи. До повторно гледање”, заклучи Монфис.

Во текот на својата кариера, Монфис освои 13 АТП титули, играше во полуфиналињата на гренд слем и со својата атрактивна игра и харизма беше еден од најпопуларните тенисери во светот, освојувајќи ја публиката насекаде на планетата.

Неговото збогување со Ролан Гарос означи крај на една од најпрепознатливите кариери во францускиот тенис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби ударен термин на стартот на Ролан Гарос

Организаторите на Ролан Гарос ги објавија термините за натпреварите во недела, првиот ден …