Дома Фудбал Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голман на Ангола беше играч на мечот и стана хит: Никој не верува дека има 16 години

Голманот на У17 селекцијата на Ангола, Желсон Дала (16), беше прогласен за најдобар играч на натпреварот во ремито (0:0) против Мали на отварањето на Африканскиот куп на нации за кадети, но неговата извонредна игра со шест одбрани беше засенета од фотографијата со наградата.

Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) ја објави сликата на Дала со трофејот за најдобар играч и веднаш предизвика реакција на социјалните мрежи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Никој не можеше да поверува дека Дала има само 16 години, според неговиот изглед.

Тој настапува во младите категории на Петр де Луанде, но изгледа многу постар од официјалната возраст од 16 години.

Фановите брзо започнаа со саркастични коментари.

“Веќе е ќелав?”, “Се пријави на родниот лист на синот”, “Највозрасниот У17 играч во светот”, “Можеби мислеа дека игра за У71 тим?”, “Зумнете ја сликата и ќе видите дека има бели влакна”, “Овој го памети и времето на колонизацијата на Африка”, “Повозрасен е од таткото на Јамал”, “Игра фудбал веќе 16 години”, “Неговата сопруга и децата сигурно се горди на него”, се меѓу најинтересните коментари на објавата од КАФ на Twitter.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неочекувана повреда го враќа Нејмар во репрезентацијата на Бразил!?

Бразилскиот медиум „ЕСПН“ пренесува дека напаѓачот на Челси, Жоао Педро, заработил повреда…