Дома Фудбал Фердинанд: Го мразев Стивен Џерард

Фердинанд: Го мразев Стивен Џерард

РИО ФЕРДИНАНД (47) откри дека го мразел Стивен Џерард (45) во времето кога играле заедно за англиската репрезентација, во ерата што, и покрај големите очекувања, останала без трофеи. Одбранбениот играч на Манчестер Јунајтед и легендарниот капитен на Ливерпул биле клучни фигури од таканаречената златна генерација, а нивното ривалство меѓу клубовите се пренесувало и на репрезентацијата, што подоцна беше признато како една од причините за неуспехот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фердинанд настапуваше за Англија од 1997 до 2011 година, додека Џерард носеше репрезентативен дрес од 2000 до 2014 година. Иако таа генерација, во која играа Вејн Руни, Дејвид Бекам и Френк Лампард, беше сметана за исклучително талентирана, не успеа да освои ниеден трофеј. Најголемиот неуспех беше тоа што не се квалификуваа за Еуро 2008 и беше елиминирани во групната фаза на Светското првенство во 2014 година.

„Џерард и јас не се поднесувавме“

Играчите остваруваа големи успеси со своите клубови, но тоа не можеа да го пренесат на меѓународната сцена. Подоцна се покажа дека лошата хемија помеѓу членовите беше критичен фактор, каде клупските ривалства го попречуваа создавањето на тимскиот дух.

Во интервју за The Times, Фердинанд потврди дека хемијата во тимот била огромен проблем. „Стивен Џерард и јас не се поднесувавме. Постоеше омраза помеѓу нас и нашите клубови, Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Но сето тоа сега е минато“, рече Фердинанд, кој има 81 настап за Англија, додека Џерард има 114.

„Бевме егоисти и не бевме тим“

Џерард минатата година, гостувајќи на Јутјуб каналот на Фердинанд, отворено зборуваше за атмосферата во репрезентацијата во нивните заеднички денови. Беше многу искрен во своето мислење.

„Сите бевме егоисти и тешко ги поднесувавме поразите. Денеска гледам телевизија и го гледам Џејми Карагер како седи покрај Пол Сколс во некоја дискусија и изгледаат како да се најдобри пријатели веќе 20 години“, изјави Џерард и продолжи:

„Го гледам односот на Карагер со Гери Невил, и тие изгледаат како да се пријатели 20 години. Веројатно денеска сум поблизок со тебе отколку кога игравме заедно 15 години.“

„Па зошто не се поврзавме кога имавме 20, 21, 22 години? Дали беше тоа его? Ривалство? Зошто дури сега, кога сме позрели, сме поблиски и поврзани? Зошто тогаш не можевме да се поврземе како соиграчи во Англија? Мислам дека тоа беше поради културата внатре во репрезентацијата, никогаш не се зближивме. Сите беа премногу во своите соби. Не бевме тим“, заклучи Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона би можела да се кае поради Рашфорд

Маркус Рашфорд беше еден од првите фудбалери кои влегоа во конфликт со Рубен Аморим кога п…