
АТЛЕТИКО Мадрид уште еднаш остана без титула во Лигата на шампионите, натпреварување што Диего Симеоне сè уште не успеа да го освои. По исфрлањето од Арсенал во двете полуфинални пресметки со вкупен резултат од 1:2, аргентинскиот тренер го изрази своето разочарување и даде интересна изјава.
“Сега немам сила за нов обид”
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Емотивно вознемирен, Симеоне на прашањето за својата иднина кусо одговори: “Имам ли сили за нов обид? Сега не, дефинитивно не”. Веднаш потоа, ја промени темата кон противникот, пренесувајќи му честитки на Арсенал за нивната игра во двата натпревари.
“Ништо не може да се додаде, испаднавме. Им честитам на противниците, одлични се во своите натпревари. Имаат тим и тренер кој ми се допаѓа. Имаат доследна идеја со силна финансиска поддршка. Им честитам, а ние ќе продолжиме со нашата работа без да се задржуваме на она што е видливо и многу очигледно”, нагласи тој.
Симеоне се осврна и на пропуштените шанси на својот тим. “Веќе во првиот натпревар имавме шанси за гол, но не ги искористивме. Денес во второто полувреме бевме подобри, игравме повеќе на нивната половина и имавме шанси… но сите тие ситни детали што понекогаш се на наша страна овојпат не беа на наша страна”, инсистираше тој.
“Стигнавме подалеку од очекуваното”
И покрај испаѓањето, тренерот смета дека Атлетико имал добра европска сезона. “За нашите навивачи, за играчите, одигравме многу добра Лига на шампиони. Дадовме се од себе. Стигнавме многу подалеку од тоа што било очекувано. Штета, мислам дека и во првиот натпревар и денеска заслуживме продолженија кои ќе ни дадат уште една прилика”, заклучи Симеоне.