
Американскиот тенисер Тристан Бојер направи сериозен инцидент на челинџерот во Италија, каде што по испадот кон судијата беше исфрлен од теренот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сѐ се случи во завршницата на мечот против Данијеле Рапањета, кога Бојер ја загуби контролата по изгубениот сервис и почна да беснее.
Прво следеше вербален напад на арбитерот, со тешки навреди, а потоа и комплетен хаос – Американецот почна да крши рекет и да удира по судиската столица.
Судијата реагираше со опомена, но тоа само го разлути Бојера и тој не престануваше со испадите.
Поради однесувањето, беше казнет со одземање на гем, што автоматски значеше крај на мечот и дисквалификација.
НЕВООБИЧАЕНИ сцени
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) 4 мај, 2026 година
Тристан Бојер добива казнени поени и го губи мечот
Тој удри во столот на судијата:
‘Ти си еден *пружан морон’
Тој го крши својот рекет понатаму
‘Тоа е неверојатно. Ништо не се случи. Тоа е бесмислица. *ти бе човек’
😳😳😳 pic.twitter.com/EBaIV0TDpH