
Според првичните информации, загинале најмалку две лица, а повеќе од 30 луѓе се повредени. Меѓу жртвите, наводно, има и дете.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Трагичниот настан се случил на авто-мото шоу во градот Попајајан во Колумбија, каде што „монстер трaк“ изгубил контрола и завршил меѓу публиката.
Се смета дека загинати се две лица, меѓу кои е и 10-годишно девојче, додека 30-тина луѓе се повредени.
Несреќата се случила додека возилото прескокнувало пречка, но возачот не успеал навреме да застане. Камионот излетал од трасата и брзо се нашол меѓу публиката.
На социјалните мрежи се споделуваат и снимки од драматичниот момент.
ВНИМАНИЕ: ГРАФИЧКА СОДРЖИНА
— Reuters (@Reuters) 4 мај 2026
Најмалку две лица се убиени и 37 повредени кога „монстер труд“ влета во толпа на настан во Попајајан, Колумбија, изјави регионалниот гувернер https://t.co/bTj2qC5cTR pic.twitter.com/5klWtnsynn