Дома Останати Тенис Босански тенисер сакаше да се тепа со навивач среде натпревар (Видео)

Босански тенисер сакаше да се тепа со навивач среде натпревар (Видео)

Една несекојдневна ситуација се случи на натпреварот на Нермин Фатиќ, босанскиот тенисер кој за малку ќе влезеше во физичка пресметка заради дофрлање од публиката на Челинџерот во Рим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, по еден лош потег, еден од гледачите на глас го нарече Фатиќ идиот во натпреварот со Хсин Чун Ценг, што не го остави рамнодушен и тргна кон оградата со намера да ја реши ситуацијата.

Таму почна раздвојувањето, иако хаосот траеше прилично долго, а судијата на столот го повикуваше Нермин да се смири и да се обиде да продолжи со играта.

На крај, Фатиќ победи со 6:4, 6:4 и премина во осминафинале.

– Идиоте, што мислиш дека си, дома ли си својот? – дофрли еден од гледачите на Фатиќ.

Италијанскиот навивач не очекуваше дека Босанецот ќе го разбере, па имаше среќа што сè заврши само со расправа.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…