Дома Останати Тенис Синер во Мадрид може да постави неверојатен рекорд во светскиот тенис каков што нема никој друг!

Синер во Мадрид може да постави неверојатен рекорд во светскиот тенис каков што нема никој друг!

Фантастичниот Јаник Синер, кој е прв на светската тениска ранг-листа, има можност да стане единствениот играч во историјата кој поврзал победа на пет Мастерс 1000 турнири.

Дополнително, ако го сметаме и завршниот Мастерс во Торино, Синер би можел да стигне до шест освоени Мастерс турнири, доколку триумфира на претстојниот турнир во Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатата година, Синер го освои Мастерс 1000 во Париз, а оваа година ги освои сите Мастерс турнири досега (Индијан Велс, Мајами и Монте Карло).

Со ова, тој се израмни со Новак Ѓоковиќ, кој беше единствениот играч во историјата со четири последователни освоени Мастерс турнири. Сега Синер има шанса да постави рекорд кој никој ни Ѓоковиќ, ни Федерер, ни Надал не можаа да постигнат.

Синер дури ќе има и полесна задача од порано. Неговиот најголем ривал Карлос Алкараз го пропушта Мастерсот во Мадрид, а Ѓоковиќ е отсутен поради повреда.

Доколку сите носители ги оправдаат очекувањата, четвртфиналињата на Мастерсот би изгледале вака:

Синер – Де Минаур

Шелтон – Мусети

Бублик – Оже-Алиасим

Медведев – Зверев

Јасно е дека никој од овие тенисери не може да му парира на Синер кога тој игра на своето најдобро ниво и ќе биде вистинско изненадување доколку не го освои петтиот Мастерс по ред, а шести ако го сметаме и завршниот Мастерс во Торино минатата година.

Квалификациите започнуваат утре, а Мастерсот во Мадрид ќе се одржува до 3-ти мај, кога е закажано финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го урна големиот рекорд на Федерер и испиша историја!

Српската ѕвезда и овој понеделник остана меѓу петте најдобри тенисери на светот, рушејќи г…