Дома Фудбал Рома останува без голема легенда: Си заминува човекот кој повеќе од половина век помина во клубот!

Рома останува без голема легенда: Си заминува човекот кој повеќе од половина век помина во клубот!

Се завршува една ера за Бруно Конти во Рома. Италијанската легенда се пензионира по неверојатни 53 години поминати во римскиот клуб. Тој имаше многу улоги – како одличен играч, подоцна тренер и спортски директор, а на крајот и како раководител на фудбалската академија. Единствената позиција што овој 71-годишник не ја работеше е претседател на клубот.

Договорот на Конти истекува во јуни, а клубот нема да му понуди нов. Последниот период тој работеше во младинските категории, каде што беше одговорен за избор на играчи до 14 години. Легендата на Рома нагласи дека нема да бара нов клуб и ќе се посвети на семејниот живот откако ќе замине од Рома. Единствената можност што ја разгледува е репрезентацијата, ако добие таква понуда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Низ неговите раце поминаа многу млади таленти кои подоцна станаа големи имиња како: Даниеле Де Роси, Симоне Пепе, Алберто Аквилани, Матео Политано, Рикардо Калафјори и многу други.

Сепак, најголемиот придонес го даде како играч. Тој беше клучен во освојувањето на првенството во 1983 година. Освои и пет купа со Рома, како и Светското првенство во 1982 година со Италија. Тогаш беше прогласен и за најдобар играч на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ако треба да те у*ијам, ќе го направам тоа“: Фудбалер на Реал Мадрид испрати морбидна порака до колега

Во сенка на неодамнешниот бараж за пласирање на Светското првенство, се одвиваат подготовк…