Дома Фудбал Мурињо се расплака за време на минутата молк за колегата со кого освои 23 трофеи (Видео)

Мурињо се расплака за време на минутата молк за колегата со кого освои 23 трофеи (Видео)

Познатиот португалски тренер Жозе Мурињо се расплака за време на минутата молк на натпреварот помеѓу Бенфика и Виторија Гимараеш во португалското првенство. Тренерот на Бенфика не можеше да ги задржи емоциите пред почетокот на натпреварот. Пушти солза бидејќи минутата молк беше посветена на неговиот поранешен соработник Силвино Лоро, со кого работеше од 2000 до 2018 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лоро беше тренер на голманите во сите клубови каде Мурињо работеше во тој период – Порто, Реал Мадрид, Челси, Манчестер Јунајтед и Интер. Заедно освоија 23 трофеи, меѓу кои две Лиги на шампионите, три Премиер лиги, Лига Европа и УЕФА Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА во проблем: Две огромни земји нема да имаат пренос од Мундијалот?!

Со наближувањето на почетокот на Светското првенство во фудбал кое почнува на 11 јуни, воо…