
Хрватскиот фудбалски гигант Хајдук можеби ќе добие нов стадион со буџет од 200 милиони евра, откако во Сплит беше одржана прес-конференција на која беа презентирани опциите и потенцијалните проекти.
Претседателот на клубот Иван Билиќ истакна дека Хајдук ќе ја започне решавањето на прашањето за стадионот и изградбата на нов тренинг камп, кој е планирано да започне до крајот на 2026 година.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Стадионот може да се изгради во местото Бродарица, а на прес-конференцијата беа претставени четири можни решенија кои Хајдук и Град Сплит ги разгледуваат..
Прва опција: Реконструкција и енергетска обнова на стадионот на Полјуд, заедно со изградба на стадион во Бродарица и тренинг камп во Стобреч – 351 милион евра
Втора опција: Обнова и надградба на стадионот на Полјуд – 169 милиони евра
Трета опција: Изградба на нов стадион на Полјуд (Хајдук би играл на Паркот младости во меѓувреме)
Четврта опција: Изградба на нов стадион на ненаведена локација на крајот на градот – 157 милиони евра
Ако се избере опцијата за изградба на нов стадион, трошоците ќе бидат приближно 5.000 евра по место, што значи вкупно 205 милиони евра. Стадионот би можел да собере околу 40.000 гледачи, објасни на прес-конференцијата Крeшимир Будиша од компанијата „УХИ“ која ја изработи студијата за изводливост на проектот за новиот стадион и тренинг камп во Сплит.
Новиот стадион во Бродарица би обезбедил подземен паркинг и комерцијални објекти по потреба. Сплит би добил и конгресен центар. Се размислува и за изградба на хотел и трговски центар.