Дома Фудбал Крај на трансферската сага со Антоан Гризман!

Крај на трансферската сага со Антоан Гризман!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман беше на работ да се приклучи на MLS лигата, но тоа нема да се случи оваа пролет, бидејќи одлучи да остане уште одредено време во Атлетико Мадрид.

Според францускиот весник “L’Equipe”, напаѓачот на Црвено-белите изгледа го избра останувањето во шпанската престолнина, барем до крајот на оваа сезона.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И покрај интересот од Орландо Сити за францускиот репрезентативец, трансферот во MLS лигата засега е одложен.

Покрај Орландо, и други MLS клубови како Интер Мајами, Монтреал и ФК Лос Анџелес имаа желба за Гризман, но Орландо беше најперзистентен.

Гризман има активен договор со Атлетико до јуни 2027 година, па не е исклучено и тоа лето да остане во Мадрид. Сепак, јасно е дека MLS клубовите ќе се обидат повторно да го привлечат.

Во оваа сезона, Гризман за Атлетико Мадрид одигра 38 натпревари, постигна 12 гола и запиша две асистенции во сите натпреварувања.

Во текот на неговата кариера, Антоан Гризман носеше црвено-белиот дрес на Атлетико 483 пати, успевајќи да постигне 210 голови и да забележи 95 асистенции.

Покрај Атлетико, Французинот во својата кариера играше и за Реал Сосиедад и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за италијанскиот гигант: Дибала се здоби со тешка повреда – познато колку ќе паузира

Рома, четвртопласираниот клуб од италијанската лига, ќе остане месец и половина без својот…