
ЈИРГЕН КЛОП (58) е во подоцнежна фаза на преговори со Атлетико Мадрид и од летото би требало да го замени Диего Симеоне. Ова го објави шпанската телевизиска емисија El Chiringuito, која додава дека Клоп разговара со Марк Рован, извршниот директор на компанијата Apollo, која е најголем акционер на Атлетико.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Веста за негово можна преселба во Мадрид доаѓа кратко откако се појавија шпекулации за незадоволство од работата на Клоп во Ред Бул, каде Оливер Гласнер, менаџерот кој наскоро заминува од Кристал Палас, беше споменат како негов наследник.
Иако Ред Бул ги одби овие тврдења, потврдувајќи го задоволството од придонесот на Клоп, сега се соочуваат со нови гласини. На нив реагираше агентот на Клоп, Марк Косике. Тој ја оцени веста дека неговиот клиент сериозно преговара со Атлетико како „глупа шпекулација“.
Кога во 2024. објави дека ќе си замине од Ливерпул по скоро девет години на Енфилд, Клоп нагласи дека никогаш нема да води друг англиски клуб, но остана молчалив на темата на водење на друг европски клуб.
По заминувањето на Чаби Алонсо од Реал, Германецот беше поврзуван со трансфер на Сантјаго Бернабеу. Тој исто така се споменува како можен кандидат за селектор на германската репрезентација ако Јулијан Нагелсман си замине по Светското првенство.