
Михаел Балак преживеа голема семејна трагедија пред пет години.
Познатиот германски фудбалер Михаел Балак за прв пат јавно зборува за трагедијата што засекогаш му го смени животот – смртта на неговиот син Емелио, кој загина во несреќа со четирицикл во Португалија во 2021 година.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Поранешниот капитен на германската репрезентација беше гостин на емисијата “My Story” на Sky каде што разговорот со водителот Рикардо Басиле беше многу емотивен. На прашањето како се справува со големата загуба, Балак тешко наоѓаше зборови:
“Тешко,” кратко одговори Балак.
Отворено говореше за болката која ја носи од трагедијата:
“Тоа не може ни да се замисли. Не се опишува со зборови. Тоа е процес на потиснување. Секој се справува на свој начин. Јас не можам ни да зборувам за тоа,” рече видно потресен.
Во еден момент, поранешниот играч на Баерн, Челзи и Баер Леверкузен, не можеше да ги сокрие солзите, обидувајќи се да објасни колку го погодува оваа тема:
“Би сакал многу повеќе да кажам, но ме обземат емоциите.”
Вели дека се обидува да најде сила во секојдневниот живот, работата и семејството, а по трагедијата, стравовите за семејството станале уште поголеми:
“Се трудиш да се справиш преку секојдневието, преку работи кои те мотивираат – работа, семејство и моите други два сина. Секако, ги сакаш своите деца повеќе од сè и сакате да им дадете стабилност, топлина и сигурност. Тоа е одговорноста на родителот,” рече и додаде:
“Таквата загуба ја засилува таа желба. Се прашуваш, секако, што уште може да се случи?”
Балак признава дека по трагедијата неговиот поглед на животот е целосно променет.
“Животот е бесценет. Начинот на кој живееме е навистина голема привилегија. Среќата и несреќата играат голема улога. Судбина. Може да се нарече како сакате, но некои работи едноставно се случуваат.”
Сепак, истакнува дека се обидува да пронајде сила за да продолжи понатаму.
“И покрај сè, сакам да се соочам со тоа. Тоа ми дава сила и ме потсетува дека животот продолжува,” заврши.