Дома Останати Тенис Италијанска тенисерка со шокантно сведоштво – ѝ се заканиле со пиштол за да загуби натпревар!

Италијанска тенисерка со шокантно сведоштво – ѝ се заканиле со пиштол за да загуби натпревар!

Италијанската тенисерка Лукреција Стефанини беше елиминирана во квалификациите за турнирот на Индјан Велс, но пред натпреварот откри дека примила закани со оружје за да изгуби.

Дваесет и седумгодишната Стефанини, која се наоѓа на 138. место на светската ранг-листа, настапи во првото квалификациско коло против Викторија Хименез Касинцеева. Таа пред почетокот на натпреварот добила заканувачка порака преку WhatsApp.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Непозната личност и се заканила на неа и на нејзиното семејство, и испратила фотографија од пиштол, барајќи да загуби натпреварот.

Стефанини го освои првиот сет со резултат 6:4, но потоа го загуби следните два сета со 6:4, 6:4, и беше елиминирана од квалификациите.

“Околу еден час по полноќ примив порака преку WhatsApp. Закануваа дека не смеам да победам, ги споменаа моите родители и местото каде сум родена, а испратија и слика од пиштол. Сето ова го пријавив на ВТА, тие ми организираа превоз со автомобил и придружба за да се чувствувам безбедно. Што се однесува до натпреварот, се борев до последната точка. Пораките ги пријавив и во полиција”, изјави Стефанини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Немаше среќа: Ѓоковиќ доби тежок пат на ждребот за Индијан Велс!

Новак Ѓоковиќ ги дозна своите потенцијални противници на Индијан Велс. Популарниот Мастерс…