
Ливерпул претрпе пораз од Вулверхемптон со резултат 1:2 во натпреварот од 29. коло на Премиер лигата, при што голот што го реши натпреварот беше постигнат во четвртата минута од продолжението. Победоносниот погодок за „волците“ го постигна Андре.
Ова е петтиот пораз на Ливерпул оваа сезона, предизвикан од примен гол по 90-тата минута. Ниту еден друг тим во историјата на Премиер лигата нема забележано сличен учинок во една сезона.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Претходните порази на „црвените“ по 90-тата минута оваа сезона се случија во натпреварите против Манчестер Сити (1:2) во 25. коло, Борнмут (2:3) во 23. коло, Челзи (1:2) во 7. коло и Кристал Палас (1:2) во 6. коло.
По синоќешниот дуел, Ливерпул се наоѓа на 5. место на табелата со 48 бодови. Вулверхемптон останува на последната, 20. позиција со 16 бодови.
„Како да дефинирам? Секогаш истата приказна,” изјави тренерот Арне Слот по натпреварот.
„Во последно време освојуваме бодови благодарение на голови од прекинати ситуации, но она што не се промени во последните 5, 6 или 7 натпревари е тоа што се мачиме и многу тешко постигнуваме голови од игра, и покрај шансите кои ги креираме.”