
Францускиот фудбалер Антоан Гризман најверојатно ќе ја заврши својата последна сезона во Атлетико Мадрид, бидејќи сè повеќе се зборува за неговата преселба во МЛС лигата, пренесува британскиот “Атлетик”.
Според информациите, Орландо е заинтересиран за светскиот шампион од 2018 година и сака во наредните четири недели да го комплетира трансферот, бидејќи зимскиот преоден рок во МЛС завршува на 26 март.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Истите извори додаваат дека Орландо е само еден од клубовите кои се заинтересирани за услугите на долгогодишниот член на Атлетико и имаат цел да ја завршат зделката што е можно побрзо.
Во случај трансферот да не се реализира до крајот на следниот месец, франшизата од Флорида ќе добие нова можност во летниот преоден период кој трае од 13 јули до 2 септември.
Иако официјални преговори сеуште не се започнати, “Њујорк тајмс” наведува дека спортскиот директор на Орландо неколку пати го посетил Мадрид за да се информира за ситуацијата и можностите за потпис вреден играч како Гризман.
И покрај желбата на Орландо што поскоро да обезбеди потпис на Французинот, мала е веројатноста тој да го напушти Атлетико пред крајот на сезоната, бидејќи финалето на Кралскиот Куп е закажано за 18 април, а мадридскиот клуб нема да биде подготвен да се откаже од него без трофеј.