
Полуфиналниот дуел во Купот на кралот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона на стадионот Метрополитано ќе се запамети по несекојдневен настан, ВАР проверка која траеше дури седум минути. Станува збор за момент од почетокот на второто полувреме на натпреварот во кој Атлетико славеше со 4:0. Судијската технологија ја анализираше ситуацијата рекордно долго пред да го поништи голот на Барселона.
Во 52-та минута, Пау Кубарси гпостигна гол, предизвикувајќи ерупција на радост на клупата на Барселона во надеж дека тоа е почеток на пресврт. Тренерот Ханси Флик ентузијастички ги крена рацете, но радоста траеше кратко. Судијата сигнализираше дека моментот треба да биде проверен преку ВАР, а никој не предвидуваше дека одлуката ќе трае толку долго.
Седум минути неизвесност
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Додека судијата Гонзалес Фуертес ја анализираше спорната акција во ВАР собата, на теренот растеше напнатоста. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, со гестови ја мотивираше публиката да ја подигне атмосферата, додека Флик со неверување и фрустрација го следеше развојот на настаните. Играчите Коке и Френки де Јонг чекаа на одлуката покрај главниот судија.
Шпанската судиска комисија (ЦТА) набргу издаде соопштение за да ги објасни причините за невообичаено долгата проверка. Според нив, проблемот се појавил во полуавтоматскиот систем за одредување на офсајд (SAOT).
Објаснување од Судиската комисија
“За време на анализата, беше установено дека системот генерирал грешка во моделирањето на играчите поради голема густина на фудбалерите во мала зона”, стои во соопштението. “По неуспешниот обид за повторна калибрација на системот, ВАР тимот, според утврдените процедури, пристапи кон рачно повлекување на линиите за офсајд за да донесе конечна и точна одлука.”
Од комисијата додадоа: “Поради оваа невообичаена причина, процесот на проверка траеше подолго отколку што е вообичаено и го спречи прикажувањето на графичката реконструкција во телевизискиот пренос, бидејќи не беше можно да се работи со SAOT системот.”
SAOT е алатка која помага на ВАР во донесувањето побрзи и попрецизни одлуки за офсајд, одредувајќи ја релативната позиција на играчите во точниот момент на додавање на топката. Станува збор за полуавтоматизирана технологија која користи вештачка интелигенција за определување на офсајд.