
Атлетико Мадрид ја прегази Барселона во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп. Диего Симеоне дополнително ја разгори атмосферата со потегот кон Ламин Јамал. Одлуката на ВАР по осум минути само налеа масло на огнот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Диего Симеоне не ја пропушти можноста да го исмее младиот Ламин Јамал за време на убедливата победа на Атлетико Мадрид над Барселона со резултат 4:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп.
Аргентинскиот тренер по голот што го постигна Адемола Лукман за 3:0 подигна три прста кон 18-годишникот.
И продолжи со славење трчајќи покрај страничната линија во првото полувреме кое целосно му припадна на домаќинот.
Атлетико до врв ја наполни мрежата на Барселона веќе до паузата. Таквиот резултат практично ги доведе чекор до финалето.
Во финалето ќе играат против победникот од дуелот помеѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. Освен ако Барселона не направи вистинско чудо во реваншот следниот месец.
.