Дома Фудбал Стерлинг на прагот на италијанскиот гигант поради поранешен соиграч

Стерлинг на прагот на италијанскиот гигант поради поранешен соиграч

Рахим Стерлинг минатата недела го прекина договорот со Челзи и веќе преговара со Наполи, кој сака да го обнови успешниот тандем од Манчестер.

Според пишувањата на “Сан”, англискиот напаѓач е подготвен да ја намали својата плата за да обезбеди трансфер и да ја оживее својата кариера.

Триесет и едногодишниот крилен напаѓач има желба повторно да игра во ист тим со Кевин де Брујне, со кого делеше соблекувална од 2015 до 2022 година, и да се соочи со нови предизвици во Италија, по неуспешните етапи во Челзи и Арсенал, каде што беше на позајмица во сезоната 2024/25.

Да потсетиме, Стерлинг не беше дел од плановите на Челзи за оваа сезона и не одигра ниту една минута, поради што реши да го прифати раскинот на договорот и да побара нова можност на друго место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Микел Артета не оди никаде од Арсенал, добива поголема плата!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, постигнал договор за продолжување на соработката со анг…